ТРКАЛЕЗНА МАСА: “Судска заштита против неправилности при извршувањето”
Според првиот човек на Основниот суд Скопје 2, Радојков, во случајот од членот 191 неопходно е да постои вештачење за утврдување на тоа што е неопходно за вршењето на дејноста на должникот.
„Од овој настан можеме да заклучиме дека извршителите, сепак, најдоа начин да ја воедначуваат практиката во рамки на својата работа, преку Стручниот совет, како орган на КИРМ. Во однос на судската практика, неминовен е заклучокот дека тие сè уште не се воедначени во однос на постапувањето по приговори за извршување. Меѓутоа, токму од тие причини Комората ги презема овие активности и ги организира овие четири регионални средби кои на крајот ќе завршат со една заедничка средба на која ќе се види кои се најчестите прашања за коишто се јавуваат овие невоедначености“, потцртува Емилија Павловска, потпретседател на Комората на извршители и извршител од Штип.