Вести

Регионална работилница за дисциплински постапки и етика во Западен Балкан

Проектот „Зајакнување на извршувањето на Балканот“ (BESP), финансиран од Министерството за надворешни работи на Холандија и спроведен од Центарот за меѓународна правна соработка и UIHJ, на 24 и 25 февруари ги собра Министерствата за правда и Коморите на извршители од земјите на Западен Балкан во Струмица, Северна Македонија, за да дискутираат за дисциплинските постапки и етиката. UIHJ беше претставен од неговиот прв потпретседател, Јос Уитдехааг. повеќе...

Конкурс за именување на извршител

Конкурс за именување на извршител

Известување

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Фанија Каламатиева од Скопје, дека предметите ги презема извршител Кристијан Климоски, именуван со Решение бр.09-2790/1 од 04.11.2024 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, со седиште на ул. Луј Пастер бр. 11/1-1 Скопје.

Известување

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Саветка Георгиева од Струмица, дека предметите ги презема извршител Христина Темелкова Митев, именуван со Решение бр.09-2791/1 од 04.11.2024 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен суд Струмица и Основен суд Радовиш, со седиште на ул. Св. Спасо Радовишки бр. 79, Радовиш.

И З В Е С Т У В А Њ Е

Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Христо Јованов од Скопје, дека предметите ги презема извршител Дарко Топчов, именуван со Решение бр.09-2792/1 од 04.11.2024 година на Министер за правда на РСМ за подрачје на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, со седиште на ул. Народен Фронт  бр. 25/1-3 Скопје.

Годишната конференција „Десет години во служба на правдата – искуства и лекции“

Делегација на Комората на извршители на РСМ во состав од извршител Гордан Станковиќ и извршител Јорданчо Давитковски учествуваа на Годишната конференција „Десет години во служба на правдата – искуства и лекции“ во организација на Комората на Јавни извршители на Црна Гора во соработка со проектот „Зајакнување на системот за извршување во земјите од Западен Балкан -Црна Гора (БЕСП)“. повеќе...

Постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ)

Делегација на Комората на извршители на Република Северна Македонија во состав од извршител Александар Чамовски, член на Управен одбор на КИРСМ  и извршител  Александар Максимовски од Скопје учествуваат на Постојан совет на Меѓународната унија на судски извршители (UIHJ) во Париз, Франција во перио од 26.11.2024 – 29.11.2024 година. повеќе...

10 години од основањето на Комората на приватни извршители на Република Косово.

Претседателот на Комората на извршители на РСМ Весна Деловска, извршител Дашмир Саити и извршител Весна Јакимовска присуствуваа на јубилејниот настан на 10-годишнината од основањето на Комората на приватни извршители на Република Косово. Во своето обраќање Претседателот Весна Деловска го честита јубилејот и ја поздрави досегашната блиска меѓународна соработка на двете Комори, ја истакна важноста на извршителската дејност со желба за продлабочување на соработката.

Галерија

73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје

На ден 8 ноември 2024 година, Претседателот на Комората на извршители на РСМ Весна Деловска присуствуваше на одбележувањето на 73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Галерија

Семинар на извршители

Комората на извршители на РСМ на 19 октомври 2024 година, во Приштина, Република Косово, одржа Семинар на извршители. На семинарот предавање одржа судија Рафис Идризи од Апелационен суд Гостивар на тема ,,Правни последици од отварање на предстечај и стечај, излачно право и разлачно право, побивање на должникови правни дејства согласно Законот за стечај, намирување согласно Законот за извршување и Закон за стечај, задолжително доставување на решенија за отворена стечајна постапка до КИРСМ” и судија Тодор Поп Панев од Апелационен суд Штип на тема ,,Извршување на недвижност во заедничка сопственост, налог за извршување врз недвижност и проценка”. Гости на семинарот на извршители беа извршители од Комората на извршители на Република Косово.

Галерија

Средба со Министерот за правда

Претставници од Центарот за меѓународна правна соработка за Проектот ,,Зајакнување на извршувањето во земјите од Западен Балкан”остварија средба со Министерот за правда Игор Филков. На средбата беше презентиранa финансиска анализа на работењето на извршителите во Република Северна Македонија за периодот од 2014-2022 година. Проектот е фокусиран на унапредување на механизмите за мониторинг и контрола над работата на извршителите од страна на министерствата за правда од земјите од регионот,  унапредување на работата на Коморите на извршителите и зајакнување на прекуграничната соработка во извршувањето.

 

 

Извoр: Министерство за правдa

Галерија

Одлуката на Уставен суд – У.бр.98/24 и У.бр.139/24

Одлука на Уставен суд У.бр.98-24 и У.бр.139-24

Конкурс за именување на извршители

Конкурс за именување на извршители

Решение У.бр.98/2024 У.бр.139/2024 на Уставен суд на РСМ

У.бр.98/2024 У.бр.139/2024 на Уставен суд на РСМ ,  Службен весник бр. 149  ( Линк ) од 17.07.2024 година.

И З В Е С Т У В А Њ Е


Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16,  233/18, 14/20 и 154/23) го објавува следното известување,
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предмет/ти кои се водеа во канцеларијата на извршител Драган Кочовски од Велес дека предметите ги презеде извршител Ангел Костадиновски од Кавадарци со седиште на ул. Шишка бр.2 локал 1 во Кавадарци,  определена со Решение на Министерство за правда на РСМ бр.09-1566/1 од 16.05.2024 година
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Претседател Весна Деловска

И З В Е С Т У В А Њ Е

Комората на извршители на Република Северна Македонија, согласно член 74 став 2 од Законот за извршување ( “Службен весник на РМ” бр.72/16, 142/16, 233/18, 14/20 и 154/23) го објавува следното известување,
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предмет/ти кои се водеа во канцеларијата на извршител Музафер Хоџиќ од Скопје дека предметите ги презеде извршител Лидија Радеска со седиште на ул.Св.Кирил и Методиј бр.52 Б/1-4 во Скопје, определена со Решение на Министерство за правда на РСМ бр. 09-1468/2 од 16.05.2024 година .
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Претседател Весна Деловска

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судскиот совет на РСМ и Комората на извршители на РСМ

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева денес потпиша Меморандум за соработка со претседателката на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Весна Деловска. Официјализирање на соработката со потпишување на овој Меморандум е од особено значење и во истиот се дефинира начинот на соработката која ќе се остварува преку едукација, обука, придонес во објавување на стручни и научни трудови, давање на експертска помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знaење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.    ПревземеноИзвор

Комората на извршители на Република Северна Македонија потпиша Меморандум за соработка со Здружението на правници на Република Северна Македонија

На ден 09.04.2024 година Комората на извршители на РСМ и Здружението на правници на РСМ потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се продлабочува соработката помеѓу КИРСМ и Здружението ставајќи акцент на размена на знаења, искуства, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат заеднички интерес.

Барање за прибирање понуди од Адвокати за анализа и правно мислење за потребите на КИРСМ

Барање за прибирање понуди од Адвокати за анализа и правно мислење за потребите на КИРСМ

Реакција на Министерството за правда за протестот „Стоп за извршителите“

Министерството за правда нема законски надлежности да дава автентично толкување на законските норми што е во исклучива надлежност на Собранието на Република Северна Македонија.
Министерството за правда ве информира дека исклучива надлежност за постапување по основа на застареност на предмет кај извршител има судот во соодветна постапка.
Правниот институт -застарување, роковите, прекинот и начинот на утврдување, се регулирани со бројни одредби од Законот за облигациони односи (член 349-382) и истиот не се применува автоматски, туку се утврдува во судска постапка на предлог на должникот.
Извршителот е должен да постапува по барањето на доверителот и притоа не е овластен да носи никакви процедурални одлуки во однос на текот на извршувањето, што е во исклучива надлежност на судот.
Превземено од Министерството за правда

Барање за прибирање на понуди за превод од албански јазик на македонски и од македонски јазик на албански

Барање за прибирање на понуди за превод од албански јазик на македонски и од македонски јазик на албански за потребите на Комората на извршители на РСМ

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Преводот на содржините е целосно автоматизиран

Партнерства и соработка

Јавни објави за достава

Logotype1111

2025/2861
Извршител: Гордана Џутеска
Име/назив на странката: Лицата (граничари) Ердељанова Јадранка од Скопје, Исејноски Иса од Охрид, Крека Сабри од Охрид , Крека Мурат од Струга и Крека Бесник од Струга
Позната адреса: Лицата (граничари) Ердељанова Јадранка од Скопје со живеалиште ул.Јане Сандански 112, Исејноски Иса од Охрид со живеалиште с.Љубаништа, Крека Сабри од Охрид со живеалиште на ул.А.Мустафа а2/2-2, Крека Мурат од Струга со живеалиште на ул.Ч.Филиповски 17 и Крека Бесник од Струга со живеалиште ул.Ч.Филиповски 17
Бр.на предмет: И.бр.1188/2023
Рок: 3

2025/2860
Извршител: Слободанка Колоска
Име/назив на странката: Зоран Гулески
Позната адреса: ул.„Стефо Јованоски“ бр.3, Струга
Бр.на предмет: И.бр.307/11
Рок: 2 дена

2025/2859
Извршител: Весна Деловска
Име/назив на странката: Друштво за производство,трговија и услуги Балканлар Пластик Производство ДОО Скопје
Позната адреса: Технолошко индустриска развојна Бунарџик бр.1
Бр.на предмет: 4734/2024
Рок: во рок од 1 (еден) ден

2025/2858
Извршител: Крум Коцарев
Име/назив на странката: Друштво за угостителство, трговија и услуги ЕКВИЛИБРИУМ ДЕН И НОЌ ДООЕЛ Скопје
Позната адреса: ул.Скупи бр.1 Карпош
Бр.на предмет: 308/25
Рок: 1

2025/2857
Извршител: Јадранка Пајиќ
Име/назив на странката: Мирче Балгуров и Мирјана Ќосеска Балгурова
Позната адреса: ул.Лазар Поп Трајков бр.23/1-3, Скопје
Бр.на предмет: И.бр.160/25
Рок: еден ден

Продажба на имот

 





НЕДВИЖЕН ИМОТ


  902/2025
Тип недвижност: Стан
Извршител: Весна Јакимовска
Датум продажба: 2025-05-19
 имотен лист бр. 97993 ЗА КО Гостивар 1-Продажбата ќе се одржи на ден 19.05.2025_година во 10,00_часот во просториите на канцеларијата на зивршителот.
Почетна цена: 6,136,715
Квадратура: 159
Град: Гостивар


  83/2025
Тип недвижност: Друго
Извршител: Зоран Димов
Датум продажба: 2025-05-27
 имотен лист бр.40094 КО Центар 1 при АКН РСМ Скопје -Продажбата ќе се одржи на ден 27.05.2025 година во 10:00 часот во просториите на извршителот-
Почетна цена: 11,301,330
Квадратура: 61
Град: Скопје


  890/2024
Тип недвижност: Деловен простор
Извршител: Манолева Милена
Датум продажба: 2025-05-19
 имотен лист бр.831 КО Куклиш,имотен лист бр.12266 КО СТРУМИЦА-Продажбата ќе се одржи на ден 19.05.2025 година во 12:00 часот во просториите на Канцеларија на Извршителот.
Почетна цена: 13,703,065
Квадратура: 52
Град: Струмица


  961/2019
Тип недвижност: Друго
Извршител: Зоран Димов
Датум продажба: 2025-05-22
 имотен лист бр.58377 КО ЦЕНТАР 2 -Продажбата ќе се одржи на ден 22.05.2025 година во 10:00 часот во просториите на извршителот-
Почетна цена: 307,500
Квадратура: 13
Град: Скопје


  29/2025
Тип недвижност: Стан
Извршител: Анѓелка Ефкоска
Датум продажба: 2025-05-20
 лист за предбележување на градба број 91955 КО Ѓорче Петров 1-Ново Село Недвижностите се продаваат заедно како една целина и нивната вкупна почетна вредност изнесува 35.975,00 евра според средниот курс на НБРСМ на денот на продажбата, под која недвижностите не може да се продадат на првото јавно наддавање. и друг недвижен имот--Продажбата ќе се одржи на ден 20.05.2025 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 0
Квадратура: 33
Град: Скопје


ПОДВИЖЕН ИМОТ


 1161/2024
Движнина: Друго
Извршител: Благој Бањански
Датум на продажба: 2025-05-15
  ТМВ NISSAN со број на шасија VWANBFTK022520508, година на производство 2002, со регистарски таблици VE – 3999 – АВ, бела боја и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 15.05.2025 година во 11:00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 493,600
Град: Неготино


 894/2024
Движнина: Друго
Извршител: Павел Томашевски
Датум на продажба: 2025-05-21
  согласно одредбите од членот 109 став 4 од ЗИ со оглед на фактот дека станува збор за 110 различни видови на предмети спецификацијата на ваквите предметите кои се предмет на продажба е достапна во канцеларијата на Извршителот-Продажбата ќе се одржи на ден 21.05.2025 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот-
Почетна цена: 3,609,700
Град: Скопје


 127/2025
Движнина: Машини
Извршител: Валентина Спасова – Јованова
Датум на продажба: 2025-05-05
  машини за кроење, шиење... по спецификација достапна во канцеларија на извршителот-Продажбата ќе се одржи на ден 05.05 2025 година во 13,00 часот во просториите на Извршителот.

Почетна цена: 2,727,894
Град: Штип


 509/2016
Движнина: Друго
Извршител: Славица Крстевска
Датум на продажба: 2025-05-05
  прва продажба со усно јавно наддавање на подвижни предмети утврдени во Записник за испразнување и предавање на недвижност врз основа на член 218 од Закон за извршување на извршител Славица Крстевска од Куманово од 06.09 2016 година и Записник за испразнување и предавање на недвижност врз основа на член 218 од Закон за извршување на извршител Славица Крстевска од Куманово од 15.09 2016 година,сопственост на должниците со вредност од 3.282,00 денари,која вредност преставува почетна цена на првото усно јавно наддавање- Продажбата ќе се одржи на ден 05.05 2025 година во 11,00 часот во просториите на Извршителот.
Почетна цена: 3,282
Град: Куманово


 403/2019
Движнина: Друго
Извршител: Моника Муча
Датум на продажба: 2025-05-08
  Автобус марка NEOPLAN ТИП 316 со идентификационен Број WAG203162YBD30369, боја БЕЛА/01 година на производство 2000 година вид Автобус на едно ниво, со регистарски ознаки SK-744-ТS,се продава со вредност од 4.000,00 евра, во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ, на денот на продажбата, која вредност претставува почетна цена за првото усно јавно наддавање, и други подвижни предмети-Продажбата ќе се одржи на ден 08.05.2025 година (четврток) во 11:00 часот во просториите на извршителот.
Почетна цена: 0
Град: Скопје

Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Вести

Featuring Top 10/257 of Вести

Subscribe

Read more

QRCode
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2

bannerbg_main

usaid

Најчести прашања

prasalnik 2

26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

usaid

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
May 2025
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Ние користиме колачиња за да осигуриме дека ви го даваме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа
Политика на приватност | Заштита на лични податоци | Офицер за заштита на лични податоци