Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
March 2020
M T W T F S S
« Feb   Apr »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

Archive for 17 March, 2020

Дополнителни препораки и мерки со цел превенција од ширење на Ковид -19

Почитувани,

corrona

Комората на извршители на РСМ ја известува јавноста дека согласно дополнителните препораки и мерки за превенција од ширење на Ковид -19 донесени од страна на Владата на РСМ, КИРСМ донесе дополнителни препораки и мерки со цел превенција од ширење на Ковид -19 и тоа :

- На влезот на секоја извршителска канцеларија да се постават средства за дезинфекција и секој вработен да врши дезинфекција;

- Да не се врши прием на странки додека траат мерките за превенција донесени од Влада на РСМ, за дополнителни информации сите странки да се обраќаат во канцелариите на извршителите по телефон или по електронска пошта. Повеќе информации за граѓаните се достапни на следниов линк 

- Секој извршител доколку е во можност во соработка со доверителите да го одолжат спроведувањето на попис, процена и пленидба на предметите, како и извршување на недвижности и одлагање на одржување на продажби во канцелариите;

- Секој извршител доколку е во можност во соработка со доверителите да донесат Заклучок за запирање со извршување за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице со цел да им се овоможи на граѓаните на РСМ набавка на основни средства за живот како и во периодот додека се на сила мерките од Владата на РСМ да не издаваат Налози за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице доколку извршувањето можат да го спроведуваат со друго средство за извршување;

- Да се ослободат од работа бремените жени и лица со хронично респиратони заболувања;

- Канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ додека траат мерките за превенција од Ковид- 19 донесени од страна на Влада на РСМ да работат со скратено работно време

Се препорачува на извршителите и вработените во нивните канцеларии како и на Комората на извршители на РСМ доследно да ги почитуваат мерките донесени од Влада на РСМ донесени на 20 – та седница со кое се препорачува на Нотарската комора, Адвокатската комора како и на Комората на извршители да ги спроведуваат сите мерки, заклучоци и препораки донесени од страна на Влада на РСМ како и да се придржуваат до препораките на Претседателот на КИРСМ донесени во консултација со членовите на Управен одбор на КИРСМ.

 Претседател на КИРСМ
Зоран Димов

Дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на Ковид-19

Почитувани,

corrona
Комората на извршители на РСМ ја известува јавноста дека согласно Заклучоците на Влада на РСМ од 15- та редовна седница за преземање на дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на Ковид- 19 вирусот од 10.03.2020 година ги донесе следните превентивни мерки:

- Набавка на средства за дезинфекција во секоја канцеларија и редовно вршење на дезинфекција на канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ;

- Ограничување на времето за прием на странки во канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ и утврдување на еден ден во текот на неделата за прием на странки во посебна просторија во канцеларија на извршителот и Комората на извршители на РСМ;

- Задолжително носење на заштитни маски од страна на странки кои ќе пристапат во канцеларија на извршителот и Комората на извршители на РСМ;

- Објава на соопштение од секоја канцеларија на извршителот за редуцирање на деновите за прием на странки;

- Сите писмена до канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ да се доставуваат по поштенски пат.

 

 

Претседател на КИРСМ
Зоран Димов

Јавни објави

Logotype1111

Новости

 

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot

Ј О_abstract

discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
QRCode