Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
November 2018
M T W T F S S
« Oct    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

Извршителите лани наплатиле околку 108 милиони евра

zoran-2-e1427717486120Зголемен број предмети, но пад на реализацијата за три осто, бележат извршителите во 2014 година. За разлика од 2013 година, кога беа наплатени околу 127 милиони евра, вкупниот износ на наплатени средства кои извршителите го наплатиле за доверителите лани изнесува 107.876.768 евра (6.634.421.234 денари).

 

Во извештајната 2014 година вкупниот број на примени барања во 99 извршителски канцеларии изнесува 159.575, односно примени се поголем број предмети од 2013 година, додека, пак, процентот на реализација е во опаѓање и изнесува 30,99 %, што преставува намалување во однос на 2013 година, кога процентот изнесуваше 33, 96 %.

Претседателот на Комората на извршители на РМ (КИРМ), Зоран Петрески, појаснува дека има зголемување на барањата за извршување што се однесуваат на мали побарувања, додека барањата за извршувања што се однесуваат на поголемите суми се во голема мера намалени.

„Вкупниот број на барањата за извршување е во границите на минатите две или три години, но имаме зголемување на барањата за извршување што се однесуваат на мали побарувања, додека барањата за извршувања што се однесуваат на поголемите суми се во голема мера намалени. Можам да истакнам дека превентивната функција на извршувањето е остварена, односно дека граѓаните, фирмите, државата се свесни за тоа дека доколку не ги намират своите долгови, ќе бидат дадени на извршител“, вели  Петрески.

Статистиката за структура на должници покажува дека најголемиот број должници и понатаму се граѓани, од кои се наплатени околу 28 милиони евра. На второ место се фирмите од кои се наплатило најмногу, односно приближно 66 милиони евра. Од органите на државата, пак, врз основа на долг извршителите наплатиле 13 милиони евра.

Во Гостивар и Кичево најслаба реализација

Процентот на реализација изразен по подрачја значително се разликува.

Подрачјето на основните судови Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино е со најголем процент на реализирани извршни исправи, односно 48, 39%. Најслаба реализација се бележи на подрачјето на основните судови Гостивар и Кичево, 17,93 %. Извршители од подрачјето на основните судови Скопје 1 и 2 реализирале 26,6% од извршните исправи, но имаат наплатено најмногу парични средства, и тоа приближно 58 милиони евра. Најмалку парични средства се наплатени од подрачјето на основните судови Кочани, Берово, Виница и Делчево – нешто повеќе од еден милион евра.

Само 66 извршни исправи за испразнување и предавање во владеење на недвижности

Во согласност со податоците од доставените извештаи за работата на извршителите, најголемиот број од примените извршни исправи биле успешно реализирани во период на времетраење од повеќе од една година од моментот на поднесување на барањето за извршување. Споредбено за последните три извештајни години, бројот на реализирани извршни исправи од страна на извршителите континуирано расте.

Бројот на поднесени барања за реализирање на непарични побарувања нема поголеми осцилации и останува на исто ниво, меѓутоа непаричните побарувања сè уште имаат многу мал удел во вкупниот број на поднесени барања за извршување. Според типот на непаричното побарување, во 2014 година само 66 извршни исправи биле поднесени за испразнување и предавање во владеење на недвижности.

Во пораст бројот на вработени во извршителските канцеларии

Вкупниот број на извршители на крајот на 2014 година изнесувал 97. Еден извршител заминал во пензија, додека еден си поднел оставка. Во текот на 2014 е именуван само еден нов извршител, и тоа за подрачјето на основните судови Гостивар и Кичево.

Најмногу извршители, 34 од предвидени 35, се именувани на подрачјето на скопските судови, додека најмалку на подрачјето на основните судови Охрид, Струга и Дебар, односно од предвидените 12, на ова подрачје се именувани 5 извршители.

Вкупниот број на вработени во извршителските канцеларии, не вклучувајќи ги извршителите, изнесува 507, што е за 47 лица повеќе од минатата година.

„Оваа година е зголемен бројот на вработени во канцелариите. Изземајќи ги извршителите, веќе има 507 вработени во канцелариите. Тоа е најголема бројка што е достигната досега“,  потцртува претседателот на КИРМ, Петрески.

Станковиќ: Трошоците во извршување честопати погрешно се толкуваат

Во однос на поплаките во јавноста за трошоците на извршување, извршителот и член на Управниот одбор на КИРМ, Гордан Станковиќ, посочува дека тие честопати погрешно се толкуваат.

„Трошоците во извршувањето, за жал, многу често во јавноста неправилно се толкуваат бидејќи граѓаните знаат колку должат и кога ќе дојде извршителот честопати им бара двоен или троен износ, меѓутоа тоа не е резултат на високите трошоци на извршувањето, односно на извршителот, туку пред сè е резултат на постоење на камата којашто не тече од денот кога е пресудено, туку од денот кога е доспеана обврската, што значи дека многу често тоа може да биде и камата која течела неколку години. Понатаму, кога ќе дојде предметот на извршител, тој во себе содржи и трошоци коишто ги имала странката-доверител заради утврдување на неговото побарување – тоа значи нотарски или претходно судски трошоци. Честопати во постапките што ги спроведуваат поголемите компании има трошоци и за ангажман на адвокат за да дојдат до извршната исправа“, вели тој и додава дека странката има право на адвокат во согласност со Уставот и законите.

Станковиќ, исто така, прецизира дека извршителот во постапката користи услуги и од други органи и институции кои наплатуваат високи надоместоци за своите услуги.

„Ние сметаме дека енормното пумпање на трошоците е исклучок. Во нормалните предмети честопати извршителските трошоци учествуваат со третина или четвртина“, истакнува тој.

Извор: Академик

РАСПРЕДЕЛБА

Logotype1111

Новости

 

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot
discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja
New Picture

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Front Page

Featuring Top 10/146 of Front Page

Subscribe

Read more

QRCode