Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Меѓународна конференција

111

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
September 2020
M T W T F S S
« Aug    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  

Одлука на Уставен суд на РСМ

Logotype1111

Службен весник на РСМ, бр. 136 од 27.5.2020 година
20201361835

УСТАВЕН СУД НА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот
на Република Северна Македонија и членот 70 од Деловникот на Уставниот суд на
Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и
„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2019), на седницата одржана
на 12 мај 2020 година, донесе

ОДЛУКА

1. СЕ УКИНУВА член 18 став 2 од Законот за извршување („Службен весник на
Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018).

Одлука на Уставен суд ( Службен весник бр. 136 од 27.05.2020 година) PDF формат

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Северна Македонија“.

3. Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод иницијативата поднесена
од Новица Наков од Скопје, со Решение У. бр. 94/2019 од 20 февруари 2020 година,
поведе постапка за оценување на уставноста на член 18 став 2 од Законот за извршување
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2016, 142/2016 и 233/2018), затоа што
основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот.

4. Судот на седницата утврди дека според член 18 став 2 од Законот за извршување, ако
во извршната исправа се определени и трошоците на постапката, извршителот, по предлог
од доверителот, ќе пресмета и ќе изврши наплата на законска казнена камата на износот
на определените трошоци согласно пропишаната стапка, од денот на донесувањето на
извршната исправа до наплатата.

5. Според член 8 став 1 алинеjа 3 од Уставот на Република Северна Македонија,
владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Републиката.
Согласно член 9 од Уставот, граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во
слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и
социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената
положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Според членот 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да
бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е
должен да ги почитува Уставот и законите.
Во согласност со член 54 став 3 од Уставот, ограничувањето на слободите и правата не
може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера,
национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.
Согласно со член 110 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна
Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.

Според членот 1 од Законот за извршување, со овој закон се уредуваат правилата
според кои извршителите постапуваат заради присилно извршување на судска одлука која
гласи на исполнување на обврска, освен ако со друг закон поинаку не е определено (став
1). Одредбите на овој закон се применуваат и врз присилно извршување на одлука
донесена во управна постапка која гласи на исполнување на парична обврска, освен ако со
друг закон поинаку не е определено (став 2). Одредбите на овој закон се применуваат и
врз присилно извршување на нотарски исправи и други извршни исправи предвидени со
закон (став 3). Одредбите на овој закон се применуваат и на извршување на брод и на
воздухоплов (став 4).

Службен весник на РСМ, бр. 136 од 27.5.2020 година
2 од 3
Со членот 12 од Законот се дефинира што е извршна исправа и тоа:
(1) Извршни исправи се:
1) извршна судска одлука и судско порамнување;
2) извршна одлука и порамнување во управна постапка, ако гласат на исполнување на
парична обврска;
3) извршна нотарска исправа;
4) заклучокот на извршителот за утврдување на трошоците на извршувањето;
5) решение за издавање на нотарски платен налог и
6) друга исправа која како извршна исправа е предвидена со закон.
(2) Потврда за извршност става судот, односно органот кој одлучувал за побарувањето
во прв степен.
(3) Неоснованата потврда за извршноста со решение ќе ја укине истиот суд, односно
орган кој ја ставил по предлог или по службена должност.
Според член 14 од Законот:
(1) Судската одлука е извршна ако станала правосилна и ако истекол рокот за добровол
но исполнување на должниковата обврска.
(2) Одлуката донесена во управна постапка е извршна ако станала конечна и ако
истекол рокот за доброволно исполнување на обврската.
(3) Рокот за доброволно исполнување на обврската тече од денот на доставување
на одлуката до должникот.

Согласно членот 15 од Законот, судското порамнување, односно порамнувањето
склучено во управна постапка е извршно, ако побарувањето пристигнало по
порамнувањето (став 1). Пристигнатоста на побарувањето се докажува со записник за
порамнувањето или со според закон заверена исправа (став 2).

Согласно член 16 став 1 од Законот, нотарската
исправа е извршна исправа, ако станала извршна според посебен пропис кој ја уредува
извршноста на таквата исправа.

Според членот 17 од Законот:
(1) Извршната исправа е подобна за извршување ако во неа се назначени доверителот и
должникот, како и предметот, видот, обемот и времето на исполнувањето на обврската.
(2) Ако во извршната исправа не е определен рокот за доброволно исполнување на
обврската, извршителот го повикува должникот во рок од осум дена од денот на
доставувањето на поканата да ја исполни обврската утврдена во извршната исправа.
Од анализата на наведените и другите одредби на Законот за извршување, произлегува
дека законодавецот јасно и прецизно дефинирал што е извршна исправа и определил кога
истата станува подобна за извршување.

Со членот 18 од Законот е уредено прашањето на наплата на камата и законска казнена
камата.
Така, според ставот 1 на овој член, кога во извршната исправа е определена наплата на
камата од должникот, истата се пресметува и наплатува до денот на исплатата на
средствата на посебната сметка на извршителот.
Според ставот 2 на истиот член, кој се оспорува со иницијативата, ако во извршната
исправа се определени и трошоците на постапката, извршителот, по предлог од
доверителот, ќе пресмета и ќе изврши наплата на законска казнена камата на износот на
определените трошоци согласно пропишаната стапка, од денот на донесувањето на
извршната исправа до наплатата.
Тоа значи дека со член 18 став 2 од Законот за извршување, се пропишува можност за
пресметка и наплата на законска казнена камата на определените трошоци на постапката,
и тоа за периодот од денот на донесување на извршната исправа до наплатата, ако за тоа
постои предлог од доверителот.
Службен весник на РСМ, бр. 136 од 27.5.2020 година
3 од 3

Според Судот, основано се поставува прашањето за уставноста на вака пропишаната
одредба.
Имено, спорно е како може да се наплатува законска казнена камата на трошоците на
постапката, ако тоа изречно не е наведено во извршната исправа. Со давањето на право на
доверителот да побарува законска камата на трошоците, којашто не е утврдена во
извршната исправа, за него се утврдува право коешто не произлегува од извршната
исправа, а од друга страна, со обврската да пресметува камата којашто не произлегува од
извршната исправа, извршителот добива улога на суд.
Покрај тоа, оспорената одредба е недоволно јасна и прецизна во однос на тоа од кој
момент може да се бара законска казнена камата на трошоците на постапката, поради што
основано може да создава дилеми во нејзината примена.

Тргнувајќи од наведеното, Судот оцени дека оспорената одредба не е во согласност со
владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок на Републиката,
гарантирана со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

6. Имајќи го предвид наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на

Судот, Сали Мурати и судиите: Насер Ајдари, Елена Гошева, Никола Ивановски, Јован
Јосифовски, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, Вангелина Маркудова и
Владимир Стојаноски.

У. бр. 94/2019
12 мај 2020 година
Скопје

Претседател
на Уставниот суд на Република
Северна Македонија,
Сали Мурати, с.р.

Јавни објави

Logotype1111

Новости

 

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot

Ј О_abstract

discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header

Browse Front Page

Featuring Top 10/178 of Front Page

Subscribe

Read more

QRCode