
Извршителите и јавните обвинители од скопското апелационо подрачје седнаа на иста маса по иницијатива и во организација на Комората на извршители на РМ (КИРМ). Опсегот и правните последици од примената на Кривичниот законик за кривични дела сторени при спроведување на извршувањето од страна на извршителот односно од страна на странките и учесниците во извршувањето беше темата во фокус на оваа средба презентирана од поранешниот министер за правда Михајло Маневски. На средбата присуствуваа и судии, како и претставници на Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.