Влез за корисници

lock_forum
lupa-6

Испит за извршители

ispit na izvrsiteli 2
bannerbg_main
usaid

Најчести прашања

prasalnik 2
26122011162156_g_komisija-za-zastita-na-prav

Анкета

Новиот дизајн е:

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...
September 2021
M T W T F S S
« Aug    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Офицер за заштита на лични податоци

Со законот за заштита на личните податоци се уредува заштитата на личните податоци како основни слободи и права на граѓаните, а особено правата на приватност во врска со обработка на лични податоци

Oфицер за заштита на лични податоци

Љубица Новјановска Брајковска

mail: kirm@kirm.mk

Контакт тел.: + 389 2 3239 877

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ 

Политиката на приватност ви дава општи информации за обработка на личните податоци кога ја посетувате нашата веб страна.  Се собираат само лични податоци кои се неопходни заради остварување на нашите законски надлежности и овластувања.

Ги замолуваме корисниците да ја прочитаат оваа Политика на приватност, со цел да се запознаат како се користат податоците што Комората на извршители на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст КИРСМ) ги добива по било кој основ а кој автоматски или рачно се обработуваат од страна на КИРСМ.

Со пристапот и со користење на оваа веб страна, корисникот потврдува дека ја прочитал, разбрал и се согласува со Политиката за приватност  на КИРСМ. Доколку корисникот не се согласува со условите, го молиме да не пристапува во веб сајтот на КИРСМ.

1. КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Контролор на лични податоци е Комората на извршители на Република Северна Македонија со седиште на улица: Костурски херои бр.66/4, Скопје, Република Северна Македонија.

Комората на извршители на Република Северна Македонија е коморско здружение на извршителите и замениците на извршителите во Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

2.ПОДАТОЦИ КОИ СЕ СОБИРААТ

КИРСМ собира податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • посетители на нашата интернет страна www.kirm.mk, корисници без и со кориснички профил на веб страната на КИРСМ. Ве известуваме дека автоматски ги евидентираме информациите за посетите на нашата интернет страна и тие претставуваат статистички податоци кои ги користиме единствено заради следење на навиките и преференциите на посетителите на нашата веб страна, а со цел да го подобриме квалитетот и услугите што ги нудиме на страницата. Вашата IP адреса, типот на интернет пребарувач, типот на оперативниот систем се евидентираат како статистички податоци во агрегатна форма. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте на нашата политика  за користење на колачиња. (линк);
  • членови на КИРСМ и вработени во канцеларии на извршителите, се обработуваат лични податоци кои произлегуваат од обврските предвидени во Законот за извршување;
  • физички лица во врска со поднесување на барања, приговoри, претставки, известувања, барање за потврди, предлози и друго. Се обработуваат лични податоци кои произлегуваат од обврските предвидени во Законот за извршување, Законот за постапување по претставки и предлози и други закони;
  • надворешни соработници, членови на комисии, предавачи на семинари и обуки- лични податоци за реализирање на активности предвидени со Закон за извршување и акти на КИРСМ;
  • лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

3.КАТЕГОРИИ НА ПОДАТОЦИ КОИ СЕ ОБРАБОТУВААТ

А.Податоци за навигација

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

 

Б.Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за одредени цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности согласно Законот за извршување, а во врска со барања на известувања, претставки, приговори, барање за потврди и друго. Се она што дополнително како личен податок е доставено од Ваша страна без барање од КИРСМ а во врска со остварување на Вашите права, ќе биде предмет на обработка согласно Законот за заштита на личните податоци.

КИРСМ собира некои од следниве категории на лични податоци: име и презиме, контакт адреса, телефонски број, е-маил адреса и потпис.

4.КАКО СЕ СОБИРААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци ги собираме на различни начини и тоа:

  • преку Вашата посета на нашата web starana;
  • преку нашиот емаил: kirm@kirm.mk, izvrsitelinarm@yahoo.com, oglasi@kirm.mk ;
  • преку пошта;
  • усмено (за усмените барања се изготвува записник кој се потпишува од страна на лицето по чие барање се подготвува истиот и од страна на вработено лице во КИРСМ кое го составило и е заведено во во архивата на КИРСМ)

 

5.КАТЕГОРИИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Активностите за обработка на лични податоци поврзани со услугите достапни преку веб страницата на КИРСМ, се извршуваат од страна на вработени лица кои се одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметни активности. КИРСМ не споделува информации и податоци за Вас или за Вашата посета на нашата веб страна  на трети лица освен во следните случаи:

  • ·         Во случај при ангажирање на даватели на услуги, ако КИРСМ ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат согласно упатствата на КИРСМ и да обезбедуваат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедување на тие услуги.
  • ·         По барање на полиција, суд или други органи и тела за вршење на нивната надлежност согласно законски основи.

6.ВРЕМЕ НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците кои се собираат се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утвредни со рокови на чување.

7.ПРАВА ВО ОДНОС НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ:

-          Право да бидете информирани за обработката на личните податоци;

-          Право на пристап до личните податоци;

-          Право на исправка и бришење на личните податоци;

-          Право на ограничување на обработката на личните податоци;

-          Право на приговор;

-          За остварување на правата за заштита на лични податоци, секој посетител или барател може да го контактира офицерот за заштита на личните податоци на КИРСМ.

8.ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОПЛАКИ ДО КИРСМ

Доколку сметате дека начинот на кој што КИРСМ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, може да поднесете пополака до КИРСМ, согласно Законот за заштита на личните податоци.

 

9.ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува, усогласува и дополнува согласно настанатите промени и евентуално согласно законските измени.

10.ЗАШТИТА ОД ЗЛОУПОТРЕБИ

КИРСМ ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап и злоупотреба.

Јавни објави

Logotype1111

Обука за обучувачи (ТоТ)

1111

Новости

 

Одлуки

Logotype1111

Дисциплинска комисија

12741923_223063811373098_4535535635364534759_n

Најди извршител

mapa_mk

Огласи за продажба

nedvizen imot

Ј О_abstract

discrimination
New Image
LogoHeader2014
aukciska_kukja

Академик

image001

Член на Деловен совет

uacs_logo

зсрм

header
QRCode