Вонредно собрание и семинар на извршители
На ден 16.10.2021 година во Хотел Сириус, Струмица се одржа седница на Вонредно собрание на Комората на извршители на РСМ, на кое беше усвоен изменет Годишен извештај за работата на Комората на извршители на РСМ од 01 јануари до 31 декември 2020 година.
Согласно законската обврска за континуирано и стручно оспособување и едукација на извршителите, на ден 16.10.2021 година во Хотел Сириус, Струмица се одржа еднодневен семинар на извршителите.
Семинарот го отвори претседателот на Комората на извршители на РСМ, Ванчо Марковски, со упатување поздрав до присутните на семинарот.
Покрај извршителите и дел од вработените во извршителските канцеларии, на овој семинар присуствуваа Г-дин Владимир Јанковски, помошник раководител на Сектор за извршување, нотаријат и медијација, Професор д-р Родна Живковска, Правен факултет “Јустинијан први” Скопје, Професор д-р Ангел Ристов, Правен факултет “Јустинијан први” Скопје, Професор д-р Ванчо Ѓоргиев, Градежен факултет, Скопје,Софија Миленкова, судија на Основен граѓански суд Скопје, Г-дин Антонио Георгиев, Претседател на Комора на проценувачи на РСМ, Г-дин Горазд Поповски и Г-ѓа Виолета Јанева од Македонска Банкарска Асоцијација.
На семинарот присуствуваа и Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци Г-дин Игор Кузевски и Г-дин Ѓорѓи Рајчиновски.
На семинарот беа обработени следните теми: „Спроведување на извршување над недвижен имот опишан во лист за предбележба на градба по член 205-а од Законот за извршување и преземање на извршни дејствија над недвижен имот кој останал со незапишани сопственички права по член 239-а од Законот за извршување“ и „Законот за заштита на личните податоци в.в обврските на извршителите и Комората на извршителите на РСМ “.