24-ти Меѓународен конгрес на Меѓународната унија на судски извршители
Во период од 22-ри до 25-ти ноември 2021 година во Дубаи се одржа 24-тиот Меѓународен конгрес на Меѓународната унија на судски извршители. Темата на конгресот беше Сајбер правда – нова можност за извршителите. Во рамките на конгресот се одржа и Постојан совет на Генералното собрание на Меѓународната унија на судски извршители за ратификација на нови членови на МУСИ, ратификација на изменетите статути на МУСИ како и избор на нови членови во раководните тела на МУСИ.