[thethe-image-slider name=”Glaven”]
Повик за обучувачи во рамки на проект со Германското друштво за интернационална соработка ( ГИЗ)
Комората на извршители на РСМ во соработка со Германското друштво за интернационална соработка ( ГИЗ) отворен регионален фонд за Југоисточна Европа- поддршка во правните реформи во земјите на Југоисочна Европа е дел од Програмата ,, Јакнење на прекугранично извршување на пресуди”. За таа цел Комората објавува повик за обучувачи кои би земале учество во програмата Обука за обучувачи за извршно право на приватните извршители чија што цел ќе биде да се развие одржлива програма за обука на приватните извршители со цел да се подобри прекуграничното извршување и да се развие една група на обучувачи за регионот на Југоисточна Европа.Работен состанок со Заменик на Претседателот на Владата на РСМ за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси и Министерот за правда на РСМ
На ден 29.10.2020 година, во просториите на Министерството за правда на РСМ, Претседателот на КИРСМ Ванчо Марковски, извршител Николче Диневски член на Управен одбор на КИРМ и извршител Јорданчо Давитковски одржаа работен состанок со Заменик на Претседателот на Владата на РСМ за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси г-дин Љупчо Николовски и Министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ. повеќе...
Вонредна седница на Собрание на Комора на извршители на РСМ
Собранието на Kомората на извршители на Република Северна Македонија на седница во Скопје на 01.10.2020 година избра нов Претседател на Комората со мандат од три години започнувајќи од 11.10.2020 година. За нов Претседател на Комората на извршители на РСМ е избран Ванчо Марковски, извршител од Тетово.
На седницата на Собрание на КИРСМ беа избрани и нови членови на Управниот одбор на Комората на извршители на РСМ со мандат од три години започнувајќи од 16.11.2020 година. За член на Управниот одбор од подрачјето на Апелациониот суд Штип е избран извршител Славе Дончев од Кочани а за член на Управниот одбор од подрачјето на Апелациониот суд Гостивар е избран извршител Чедомир Личковски од Гостивар.
За членови на Управен одбор од подрачјето на Апелациониот суд Скопје не беше избран ниту еден од кандидатите.
За член на Дисциплинска комисија од редот на извршителите со мандат од три години започнувајќи од 01.10.2020 година е избран извршител Славица Ацовска од Тетово.
Вонредна седница на Собранието на Комората на извршители на РСМ.
Собранието на Kомората на извршители на Република Северна Македонија на седница во Скопје на 10.08.2020 година избра нови членови на органите на Комората на извршители со мандат започнувајки од 10.08.2020 година.
За член на Управниот одбор од подрачјето на Апелациониот суд Битола се избра извршител Николче Диневски од Битола а за Заменик член на Дисциплинска комисија на КИРСМ од редот на извршителите се избра извршител Благој Бањански од Неготино.
За Претседател на Комората на извршители на РСМ не беше избран ниту еден од кандидатите
Известување до јавноста
По повод написите во дел од медиумите и социјалните мрежи, Комората на извршители на РСМ ја известува јавноста за следното:
Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување ( Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба ,, до 30 јуни” со зборовите,, заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба”.
Согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од 24.07.2020 година продолжува целосната примена на Законот за извршување.
Комора на извршители на РСМ
Претседател,
Зоран Димов
Одлука на Уставен суд на РСМ
Службен весник на РСМ, бр. 136 од 27.5.2020 година
20201361835
УСТАВЕН СУД НА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот
на Република Северна Македонија и членот 70 од Деловникот на Уставниот суд на
Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и
„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2019), на седницата одржана
на 12 мај 2020 година, донесе
ОДЛУКА
1. СЕ УКИНУВА член 18 став 2 од Законот за извршување („Службен весник на
Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018).
Одлука на Уставен суд ( Службен весник бр. 136 од 27.05.2020 година) PDF формат
повеќе...
Известување

Комората на извршители на РСМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Благој Панов од Кочани во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Орце Гоцевски од Делчево, определен за преземање на предметите од страна на Министер за правда на РСМ за подрачјето на Основен суд Кочани, Основен суд Берово, Основен суд Виница и Основен суд Делчево, со седиште на адреса ул.Бул.Македонија бр.45/5-14 во Делчево, телефон: 033/411-608; 033/270-266 и e-mail: gocevski_orce@t-home.mk
Известување
Комората на извршители на РСМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Весна Кавракова од Куманово во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Билјана Николовска именуван за подрачјето на Основен суд Куманово, Основен суд Крива Паланка и Основен суд Кратово, на адреса ул.Ленинова бр. 20А влез 1, стан 1 Куманово , телефон: 031 550-722 и e-mail: izvrshitel@izvrshitel.mk
Дополнителни препораки и мерки со цел превенција од ширење на Ковид -19
Почитувани,
Комората на извршители на РСМ ја известува јавноста дека согласно дополнителните препораки и мерки за превенција од ширење на Ковид -19 донесени од страна на Владата на РСМ, КИРСМ донесе дополнителни препораки и мерки со цел превенција од ширење на Ковид -19 и тоа :
– На влезот на секоја извршителска канцеларија да се постават средства за дезинфекција и секој вработен да врши дезинфекција;
– Да не се врши прием на странки додека траат мерките за превенција донесени од Влада на РСМ, за дополнителни информации сите странки да се обраќаат во канцелариите на извршителите по телефон или по електронска пошта. Повеќе информации за граѓаните се достапни на следниов линк
– Секој извршител доколку е во можност во соработка со доверителите да го одолжат спроведувањето на попис, процена и пленидба на предметите, како и извршување на недвижности и одлагање на одржување на продажби во канцелариите;
– Секој извршител доколку е во можност во соработка со доверителите да донесат Заклучок за запирање со извршување за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице со цел да им се овоможи на граѓаните на РСМ набавка на основни средства за живот како и во периодот додека се на сила мерките од Владата на РСМ да не издаваат Налози за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице доколку извршувањето можат да го спроведуваат со друго средство за извршување;
– Да се ослободат од работа бремените жени и лица со хронично респиратони заболувања;
– Канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ додека траат мерките за превенција од Ковид- 19 донесени од страна на Влада на РСМ да работат со скратено работно време
Се препорачува на извршителите и вработените во нивните канцеларии како и на Комората на извршители на РСМ доследно да ги почитуваат мерките донесени од Влада на РСМ донесени на 20 – та седница со кое се препорачува на Нотарската комора, Адвокатската комора како и на Комората на извршители да ги спроведуваат сите мерки, заклучоци и препораки донесени од страна на Влада на РСМ како и да се придржуваат до препораките на Претседателот на КИРСМ донесени во консултација со членовите на Управен одбор на КИРСМ.
Претседател на КИРСМ
Зоран Димов
Дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на Ковид-19
Почитувани,

Комората на извршители на РСМ ја известува јавноста дека согласно Заклучоците на Влада на РСМ од 15- та редовна седница за преземање на дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на Ковид- 19 вирусот од 10.03.2020 година ги донесе следните превентивни мерки:
– Набавка на средства за дезинфекција во секоја канцеларија и редовно вршење на дезинфекција на канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ;
– Ограничување на времето за прием на странки во канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ и утврдување на еден ден во текот на неделата за прием на странки во посебна просторија во канцеларија на извршителот и Комората на извршители на РСМ;
– Задолжително носење на заштитни маски од страна на странки кои ќе пристапат во канцеларија на извршителот и Комората на извршители на РСМ;
– Објава на соопштение од секоја канцеларија на извршителот за редуцирање на деновите за прием на странки;
– Сите писмена до канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ да се доставуваат по поштенски пат.
Претседател на КИРСМ
Зоран Димов
Мерки на Владата на РСМ, превенција од Ковид -19
Се известуваат странките дека по повод мерките воведени од Владата на РСМ кои се однесуваат на превенција од Ковид -19, Комората на извршители на РСМ во периодот од 11.03.2020 година до 24.03.2020 година, ги презема следните заштитни мерки:
1. Стручната служба при КИРСМ, ќе врши прием на странки само во деновите 13.03.2020 и 20.03.2020 година (петок) од 11 часот до 12 часот;
2. Се препорачува на странките кои ќе пристапат во просториите на Комората, да носат заштитни маски;
3. Сите писмена да се оставаат во поштенското сандаче на Комората (кое се наоѓа веднаш до влезната врата на Комората), или да ги испратат по пошта. За сите информации можете да се обратите на телефонскиот број: 02/ 3 225 674 ; 02/3 239 877 или на е-маил: izvrsitelinarm@yahoo.com
Претседател на КИРСМ
Зоран Димов
Средба со Претседател
На ден 30.12.2019 година, делегација на Комората на извршители на РСМ во состав од Претседателот на КИРСМ Зоран Димов, Извршител Христо Јованов од Скопје и Извршител Николче Диневски од Битола остварија средба со Претседателот на РСМ Г-дин Стево Пендаровски и Министерот за правда Г-ѓа Рената Десковска.
Конференција на Балканска извршна исправа
Во деновите од 17.10.2019-18.10.2019 година во Будва, Црна Гора, Претседателот на КИРСМ зеде учество на Конференцијата за Балканска извршна исправа.
повеќе...
10 та Интернационална конференција на судски извршители
Во деновите од 31.07.2019-03.08.2019 година делегација на Комората на извршители на РСМ во состав од Претседателот на Комората Зоран Димов и извршител Саветка Георгиева ,член на УО на Комората, учествуваа на Х Интернационална Конференција на судски извршители во Москва-Русија,на која конференција свое излагање имаше Претседателот на Комората.
повеќе...
Указ за прогласување на законот за изменување и дополнување на законот за извршување

Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување,
што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на
16 јануари 2020 година.
Целосен текст на законот објавен во службен весник Бр. 08-434/1, 16 јануари 2020 година
Известување
Комората на извршители на РМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Снежана Фитеска од Скопје, во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Александар Максимовски именуван за подрачјето на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, на адреса ул. Орце Николов бр.52/1-1, Скопје, телефон: 02/313-0331 и e-mail: izvrsitel@gmail.com
повеќе...
Известување
Се известуваат граѓаните дека Комората на извршители на РСМ по повод проектот „Отворени денови со граѓаните“ организира средби со извршители на подрачјето на Основите судови во Република Северна Македонија
и тоа на ден 05.12.2019 година ( четврток)
– во просториите на Основен суд Струмица во период од 12 – 14 часот
и на ден 06.12.2019 година (петок)
– во просториите на Основен суд Штип во период од 12-14 часот, заради давање правна помош и укажување со кои правни средства можат да си ги остварат своите права во извршувањето и да обезбедат правна заштита.
Комора на извршители на РСМ,
Претседател,
Зоран Димов
Покана за прес конференција
Почитувани медиуми,
Комората на извршители на Република Северна Македонија на ден 29.11.2019 година (петок), со почеток во 12:00 часот ќе одржи прес конференција во просториите на Комората на извршители кои се наоѓаат на ул. Костурски херои бр. 66-4 Скопје.
Конференцијата се одржува по повод донесената одлука на Управниот одбор на КИРСМ, за запознавање на јавноста со планот за организирање на ,,Отворени денови со граѓаните”.
повеќе...
ЕВРОПСКИ ДЕН НА ПРАВДАТА
Дваесет и петти октомври е Европски ден на правдата, кој секоја година се одбележува во сите држави во Европа. Целта за негово одбележување е во сите европски држави правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување.
повеќе...
Одлука за измена на називот на Комората
Комората на извршители на РМ на седница на Вонредно собрание на КИРМ одржана на ден 25.06.2019 година, донесе одлука за измена на Статутот на Комората Одлука на Собрание на КИРСМ од 25.06.2019.
Семинар на извршители
Во согласност со законската обврска за континуирано стручно усовршување и едукација на извршителите, на 17и 18 мај 2019 година, во хотелот „Дрим “, Струга се одржа семинар на извршителите во форма на тркалезни маси, во организација на Комората на извршители на Република Македонија. повеќе...
Средба со г-дин Патрик Санино, Претседател на Француската Национална комора за судски службеници
На 17 април 2019 година, во Тирана, Република Албанија, Претседателот на Комората на извршители на РМ учествуваше во средба на претставници на Балканската иницијатива за извршување со г-дин Патрик Санино, Претседател на Француската Национална комора за судски службеници (Chambre Nationale des Huissiers de Justice). Повеќе…
Седница на Советот на Балканската иницијатива за извршување
На 17 април 2019 година во седиштето Националната комора на приватни извршители на Албанија во Тирана се одржа редовна пролетна седница на Советот на Балканската иницијатива за извршување. Комората на извршители на Р.Македонија беше претставувана од Зоран Димов, Претседател на КИРМ, Роза Родиќ, член на Управен одбор на КИРМ. Повеќе…
Средба со Амбасадорот на Република Македонија во Франција
Амбасадорот на Република Македонија во Франција Јадранка Чаушевска Димов оствари средба со извршителите Васко Блажевски и Методија Костадинов, претставници на Комората на извршители на Република Македонија кои учествуваа на Постојаниот совет на Меѓународната унија на извршители што се одржува во Париз,од 27 до 30 ноември 2018 година. повеќе...
Зоран Димов: Во досегашното работење вратени се 1.205.397.895 евра на доверителите
Зоран Димов, претседател на Комората на извршители на Република Македонија, зборува за професијата извршител, проблемите со кои се соочуваат тие, но и проблемите на граѓаните, нефункционалноста и некоордираноста на институциите и (не)оправданоста на критиките упатени кон нив. ПОВЕЌЕ…
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА
Tркалезна маса “Стручна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување”
На ден 20.11.2018 година, во организација на Комората на извршители на Република Македонија се одржа тркалезна маса на тема “Стручна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување”. Покрај Претседателот на КИРМ Зоран Димов, свое излагање имаа и Министерот за правда д-р Рената Дескоска, Претседател на Меѓународната унија на извршители (UIHJ) Марк Шмитц, Секретарот на Меѓународната унија на извршители (UIHJ) Јос Утехааг, Антончо Коштанов, извршител од Скопје, член на УО на КИРМ, Игор Спировски, адвокат и поранешен судија на Уставен суд на РМ и д-р Арсен Јаневски професор во пензија. повеќе...
Претседателот на Комората на извршители на РМ Зоран Димов учествуваше во одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда
Во организација на Основниот суд Скопје 2 Скопје се одржа настан по повод Европскиот ден на граѓанска правда, во рамки на кој Претседателот на Комората имаше обраќање со кое истакна дека како резултат на постоењето на извршителите во РМ, свесноста на граѓаните за доброволно плаќање на своите обврски значително се зголеми а за тоа говори и фактот што, согласно податоци прибавени за потребите на Комората повеќе...
Правно мислење на Врховниот суд за укинување на потврда за правосилност и извршност на извршна исправа
Одделот на граѓански дела на Врховниот суд на Република Македонија донесе правно мислење во врска правосилното укинување на потврдата (клаузулата) за правосилност и извршност на извршната исправа. Според правното мислење на Одделот на граѓански дела на Врховниот суд на Република Македонија, „Правосилното укинување на потврдата (клаузулата) за правосилност и извршност на извршната исправа не претставува основ за противизвршување.
Тркалезна маса на тема: Воведување на единствен регионален инструмент за прекугранично извршување.
На 6 јули во конференциската сала на Србија Палас во Белград, во организација на Комората на извршители на Република Србија се одржа тркалезната маса посветена на темата за воведување на единствен регионален инструмент за прекугранично извршување. Повеќе…
Работна средба со Г-дин Jos Uitdehaag
На ден 01.07.2018 година Претседателот на КИРМ Зоран Димов, Потпретседателот на КИРМ Антончо Коштанов и Роза Родиќ, член на УО на КИРМ остварија работна средба во Приштина- Р. Косово со г-дин Jos Uitdehaag. повеќе...
Зоран Димов, претседател на Комората на извршители на Република Македонија: Извршителите за правото се како хирургијата за медицината
Постои ли меѓународна соработка меѓу македонската комора на извршители и сличните тела од регионот и од светот и какви искуства од работата на коморите на другите земји може да се преточат кај нас во Македонија? повеќе...
Интервју со Зоран Димов, Комора на извршители: Извршувањето 99 отсто е во полза на граѓаните
Ние постапуваме врз основа на извршни и правосилни пресуди, извршителот нема право да одбие. Согласно Законот за платен промет, налогот за извршување е и налог за наплата. Извршителите се најконтролирана професија, ги контролира министерот за правда, претседателот на судот, јавен обвинител, претседателот на Комората, омбудсманот. Повеќе…
Извор: Независен весник
Интервју со Зоран Димов- Претседател на Комората на извршители на РМ
Извршителите им вратиле на доверителите 1,2 милијарди евра во изминативе 11 години. Тоа не се пари што ние сме ги одземале од граѓаните, туку тоа се пари што тие ги должеле некому, а правото на доверителот не е ништо помало од правото на должникот, вели претседателот на Комората на извршители Зоран Димов, по острите обвинувања во јавноста упатени на нивна сметка. Повеќе..
Извор: Слободен печат
Уставниот суд во врска со предноста во рангирањето на кандидат за извршител со подолг работен стаж кај извршител, адвокат и нотар
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 34 ставот 8 во делот: „Предност во рангирањето има оној кандидат со подолг работен стаж стекнат кај извршител, нотар, адвокат, во правосудни органи и органи на државна управа од областа на правосудство и финансии“ од Законот за извршување. Повеќе…
Меморандум за соработка
Комората на извршители и Министерството за труд и социјална политика потпишаа меморандум за соработка преку кој се утврдија заедничките активности на Министерството и Комората. Меморандумот го потпишаа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претседателот на комората на извршители Зоран Димов. „Потпишувањето на меморандум со Комората на извршители е со единствена цел – да ги заштитиме правата на лицата што се во социјален ризик со тоа што ќе спречиме да се блокираат нивните сметки“, истакна министерката Царовска. повеќе...
Тркалезна маса
На ден 15.12.2017 година, во организација на Комората на извршители на Република Македонија, се одржа тркалезна маса на тема „ Правни последици од Одлука на Уставен суд на РМ бр. У.бр: 143/2016-0-1 од 29.11.2017 („Службен весник на РМ“ бр.178/2017 )“. Покрај извршителите, на тркалезната маса присуствуваа судии, претставници на Министерството за правда како и претставници на доверителите: банки и јавни претпријатија.
Меморандум за соработка со Управата за водење на матични книги
Претседателот на Kомората на извршители на Република Македонија, Зоран Димов и директорот на Управата за водење на матичните книги Ѓоко Котевски на 18 октомври 2017 година потпишаа меморандум за соработка. повеќе...
Извршителот Зоран Димов – нов претседател на Комората на извршители
Собранието на Комората на извршители, кое го сочинуваат сите извршители на територијата на Република Македонија, го избра Зоран Димов, извршител од Скопје за нов претседател на Комората на извршители на Република Македонија. повеќе...
Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Димитар Стаменков со седиште во Охрид, дека извршител Елена Стрезоска именуван за подрачјето на Основен суд Охрид, Основен суд Струга и Основен суд Дебар со Решение бр. 09-810/1 од ден 20.02.2017 година на Министерот за правда на РМ, ќе ги преземе предметите, книгите и евиденцијата која ја водел извршител Димитар Стаменков со седиште во Охрид, чија должност престана.
Комората на извршители на РМ известува дека извршителот Елена Стрезоска ќе започне со работа на ден 14.07.2017 година на адреса Димитар Влахов бр.57 влез А стан 12 во Охрид, телефон 046/277-170.
Известување
Комората на извршители на РМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Љубиша Димитров од Скопје, во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Васко Блажевски именуван за подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Скопје 2 Скопје, на адреса ул. бул. Свети Климент Охридски бр.66/1-1 Скопје, телефон 02/3214-280 и на e-mail: vasko@izvrsitelblazevski.mk
Итната природа на извршноста од аспект на Советот на Европа
Глобалниот кодекс на извршување на Меѓународната унија на извршители во делот на основните права на извршување го елаборира и прашањето за итната природа на извршувањето. Повеќе...
Известување
Комората на извршители на Република Македонија ги известува граѓаните дека е направена промена на седиштето на Комората на извршители на РМ сметано од 03.01.2017 година на адреса: ул. Костурски херои бр. 66 /4 Скопје, телефоните за контакт остануваат непроменети 023225674 023239877 како и e-mail адресите : izvrsitelinarm@yahoo.com и kirm@kirm.mk .
Известување
Комората на извршители на РМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Алберто Ребула од Скопје, во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Благоја Каламатиев именуван за подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Скопје 2 Скопје, на адреса ул. Дебарца бр. 25а/1-2 Скопје, телефон 02-2044-554 и на e-mail: info@izvrsitelkalamatiev.mk
Листа на кандидати кои се пријавиле за полагање на испитот за извршители
Министерството за правда објави листа на кандидати кои се пријавиле за полагање на испитот за извршители во декемвриска испитна сесија, кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот за извршители. Повеќе…
Известување
Комората на извршители на РМ ги известува граѓаните кои биле странки кај извршител Благоја Николовски од Скопје, во иднина да се јавуваат во канцеларијата на извршител Моника Муча именуван за подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Скопје 2 Скопје, на адреса: Булевар “Свети Климент Охридски” бр.23/1-1 Скопје, телефон: 02 3208-002 и e-mail: izvrsitel.m.mucha@gmail.com
Работилници за примена на новиот Закон за извршување
На ден 17.08.2016 година во Скопје , Комората на извршители на РМ ја одржа последната работилница за примена на новиот Закон за извршување, која беше дел од низата работилници што се одржаа на ниво на Република Македонија во Охрид, Прилеп, Гостивар, Кавадарци, Кратово, Струмица и Штип, кој беа наменети за извршителите, замениците извршители, помошниците извршители и вработените во канцелариите на извршителите. Модератори на обуките беа извршител Гордан Станковиќ од Скопје, извршител Снежана Фитеска од Скопје и извршител Снежана Андреевска од Скопје.
Извршителската канцеларија мора да работи како швајцарски часовник – Јос Уитдехааг, правен консултант и прв квестор на Комитетот на Меѓународната унија
На меѓународната конференција „Актуелни правни ризици и предизвици во извршувањето“ имавте излагање за правната положба, заштитата и протоколите за безбедност на извршителската канцеларија. Кои се клучните пораки на вашето излагање? повеќе...
Примена на безбедносен протокол е повеќе од потребно – Јос Уитдехааг, правен консултант и прв квестор на Комитетот на Меѓународната унија
Комората на извршители на РМ и Централниот регистар ја унапредуваат соработката
Интензивирање на соработката за унапредување на постапките за извршување и зголемување на правната сигурност во Република Македонија, беше темата на работната средба меѓу претседателот на Комората на извршители Зоран Петрески и директорот на Централниот регистар на РМ Андреа Поповски. Повеќе…
Советување за извршување
Спецификите на Новиот Закон за извршување и насоки за негова примена од аспект на корисниците на извршителските услуги, извршителите, адвокатите, правниците во трговските друштва, правниците во јавните претпријатија со посебен фокус на вонсудската наплата на побарувањата”.
повеќе...
Зоран Петрески: Летуваат во луксуз, а алиментација плаќаат само преку извршител
Граѓаните не се најголемите и најчестите должници кои завршуваат на Извршител, напротив фирми и лица со имот и пари. Претседателот на Комората за извршители, Зоран Петрески во интервју за Прес24, вели дека е погрешно да се стави равенство помеѓу граѓаните и должниците. Должници се фирми, приватни компании, Локални самоуправи, јавни претпријатија, државни органи, вели Петрески во интервјуто. повеќе...
10 ГОДИНИ КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
На ден 03.06.2016 година се одбележа свечен јубилеј по повод 10-годишнината од основањето на Комората на извршители на РМ. Извршувањето е една од најуспешните реформи во македонскиот правосуден систем, а воведувањето на системот на извршување го оправда своето постоење и ги положи сите испити во изминатите 10 години, беше нагласено на свечениот настан. повеќе...
Новиот Закон за извршување има значајни промени во статусниот и во процесниот дел – ГОРДАН СТАНКОВИЌ
Со новиот Закон за извршување ќе се надминат проблемите што ги предизвикува во праксата постојниот Закон за извршување, кој има бројни недоречености, противречности и контрадикторности, вели извршителот Гордан Станковиќ. повеќе...
Собранието на Република Македонија го донесе Законот за извршување.
Собранието на Република Македонија на 98. седница на 05.04.2016 година го донесе Законот за извршување. Пратениците во Собранието со мнозинство гласови го усвоија Законот за извршување. повеќе...
Пред стопанствениците промовирана книгата – „СУДСКА ЗАШТИТА ВО ИЗВРШУВАЊЕТО – АНАЛИЗА И КОМЕНТАР НА СУДСКА ПРАКТИКА“ од авторот Михајло Маневски
Извршувањето на судска одлука која гласи на исполнување на одредена обврска, на нотарска или друга извршна исправа и на одлука донесена од управен орган која гласи на исполнување на парично побарување е несомнено сложена и одговорна професија. Со извршувањето се остваруваат целите на постапката, а круна на секоја постапка е извршување на донесената одлука, независно дали се работи за судска или управна постапка или, пак, се работи за извршување на нотарска исправа. Ова го истакна господин Михајло Маневски, кој пред стопанствениците ја промовираше својата книга „Судска заштита во извршувањето – Анализа и коментар на судската практика“. повеќе...
Новиот Закон за извршување нуди ефикасност, намалување на трошоците и заштита на најранливите категории
Новиот законот за извршување, кој се наоѓа во собраниска процедура, нуди квалитетни решенија и придобивки за сите учесници во извршувањето. Извршителите добиваат јасни и прецизни одредби за постапување, оневозможување на нелојалната конкуренција која влијаеше и на квалитетот на работата. Доверителите добиваат ефикасност. Сепак, Законот најмногу нуди решенија за физичките лица –должници, за заштита на најранливите категории. Повеќе…
Наместо блокада на сметката и трошоци од 10.000 денари, извршителот ќе ве “замоли” да си го платите долгот
Долгот од 1.000 денари за “заборавени” сметки за парно, струја, вода, кабелска, мобилни наместо блокирана сметка од извршител и извлечени 10.000 денари за трошоците при извршувањето- граѓаните да ги чини само онолку колку што е долгот со мала законска камата. Повеќе…
Соопштение
Ве известуваме дека на ден 28.12.2015 година Комората на извршители на РМ ќе одржи Прес конференција во 11 часот во Бизнис салата во просториите на Стопанската комора РМ во Скопје. Целта на конференцијата е запознавање на јавноста со придобивките од донесување на новиот Закон за извршување кој е во собраниска процедура.
“ Судска заштита во извршувањето. Анализа и коментар на судска практика “
Комората има чест да Ве извести дека излезе од печат книгата “ Судска заштита во извршувањето. Анализа и коментар на судска практика “ од автор г-дин Михајло Маневски а чиј издавач е Комората на извршители на РМ. повеќе...
НОВИНИ ВО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ: Вонсудска наплата на долгови, задолжително известување пред блокада…
Предлог – законот за извршување, кој подолго време беше во владина постапка, е на прво читање во Собранието. Целта на новото законско решение, како што се наведува, е поефикасно остварување на правата на граѓаните и правните лица и сите учесници во постапката пред извршител, а со правец на надградување на системот за брзо и ефикасно спроведување на извршување и остварување на правата на доверителите. Повеќе…
Промовирана книгата „Судска заштита во извршувањето – Анализа и коментар на судската практика“ од Михајло Маневски
Извршувањето е несомнено многу сложена и одговорна професија. Со извршувањето се остваруваат целите на постапката, а круна на секоја постапка е извршување на донесената одлука, независно дали се работи за судска или управна постапка или, пак, се работи за извршување на нотарска исправа. Ова го истакна поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, кој денеска ја промовираше својата книга „Судска заштита во извршувањето – Анализа и коментар на судската практика“.Повеќе…
Известување
Комората на Извршители на РМ најостро реагира против злоупотребата на Извршителите во политички цели. Како што се наближува денот на изброите вообичаено пред секоја изборна кампања извршителите се злоупотребуваат со цел да се остварат ситни дневнополитички и партиски цели. Сакаме да апелираме дека Извршувањето како во целиот западен свет така и во Република Македонија е столб и гаранција на правната заштита на имотот на граѓаните. повеќе...
Тркалезна маса на тема „Судска заштита против неправилности при извршувањето”
Тркалезна маса на тема „Судска заштита против неправилности при извршувањето” во организација на Комората на извршители на РМ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев. Галерија
Тркалезна маса на тема „Судска заштита против неправилности при извршувањето“.
Ефикасната наплата на побарувањата од интерес и за членките на Здружението на трговијата и за извршителите
Здружението на трговијата одржа состанок со претставници на Комората на извршители на Република Македонија, со цел разгледување на спорните прашања поврзани со примената на Законот за извршување, а во функција на ефикасна наплата на побарувањата на доверителите. Повеќе…
Граѓаните можат да здивнат, извршителите се помалку наплатуваат долгови од пред повеќе години
Од 2011 година кога судовите се ослободија од наплата на старите сметки, кај извршителите се префрлени 62.349 предмети, од кои првата година 7.833, во 2012 година 48.829, во 2013 година 1.336, лани 4.349, а во првите девет месеци од оваа година до извршителите дошле за наплата само 332 вакви предмети. Повеќе…За 9 месеци наплатени скоро 78 милиони евра
Во првите девет месеци од годинава извршителите наплатиле 77.808.745 евра. Според Комората на извршители на Македонија (КИРМ), како и последните две години, продолжува трендот на намалување на барањата за извршување и на вкупно наплатените средства во извршните постапки. Повеќе…
Меѓународна правна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“
Стартуваше меѓународната правна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“. Главниот град на Македонија повторно е центар на светската и регионалната правна и економска елита. На големиот меѓународен настан, во присуство на бројни учесници од земјата и регионот, говорат реномирани светски адвокати, универзитетски професори, експерти и претставници од бизнис секторот. Повеќе…
















































